Извршниот претседател на Манчестер Јунајтед, Ед Вудворд,  се повлече од својата функција.

Ова го открија англиските медиуми и  доаѓа како резултат на големите критики со кој се соочи првиот човек на „црвените ѓаволи“ поради фактот што Манчестер Јунајтед беше еден од шесте англиски клубови кои се приклучија на идеата за создавање на Европската супер лига

Навивачите и мнозинството од фудбалскиот свет застанаа против идејата да се формира ново натпреварување. Тоа донесе протести на улиците во Лондон, а се очекува сличен потег и во другите градови кои се дел од новоформираната лига.