Медицинскиот тим на Реал не е сигурен која метода да ја користи за лечењето на повредениот напаѓач Еден Азар, пишува АЅ.

Според овој извор, ако Азар ќе мора да биде опериран, тогаш го чека пауза од најмалку три месеци, што значи дека ќе го пропушти остатокот од сезоната.Ако, пак, е возможно конзервативното лечење без операција, тогаш паузата ќе биде од 2 до 2,5 месеци и тој можеби ќе биде подготвен на самиот крај на сезоната.

Азар се повреди на средбата со Леванте, а дотогаш веќе имал пауза од ноември минатата година. Тој сезонава настапи на само 10 средби во Ла Лига и постигна 1 гол, комбиниран со 1 асистенција, а неговиот договор со Реал е валиден до 2024 година.

Во меѓувреме селекторот на Белгија, Роберто Мартинез посочи дека големи се шансите Азар да не биде подготвен за настап на ЕУРО 2020.