Не настапи против Барселона, но и без него Реал Мадрид славеше во „Ел Класико“. Сепак добра вест за Зидан е кам-бекот на Еден Азар кој е пријавен меѓу фудбалерите кои ќе конкурираат за почетните 11 на „Кралевите“ за дуелот со Борусија Менхенгладбах.

Белгиецот нема настап оваа сезона за Реал Мадрид а во минатата одигра само 22 натпревари.

Реал Мадрид во вторник од 21 часот ќе и гостува на Менхенгалдбах во второто коло од ЛШ, во првото „Кралевите“ загубија од Шахтјор со 3:2.