Протоколот кој го усвои Владата на Италија а беше одоборен од министерството за здравство за најавеното попуштање на мерките и дозволата за рестарт на спортот на Апернините носи и лоши вести.

Доколку еден фудбалер или вработен во клуб е позитивен на коронавирус по најавениот рестарт, тогаш целиот тим го очекува 14 дневен карантин.

„Да ги расчисиме дилемите, во случај да има еден позитивен тест на Ковид-19, се ќе запре, карантинот ќе стане задолжителен а сезоната ќе биде стопирана повторно. Мора да се грижиме за сите луѓе и за нивното здравје.“ – изјави Сандра Зампа, министерката за здравство во Италија.