Само два клуба од Серија А ќе играат во Лигата на  Европа од сезоната 2021/22 , со тоа што шестопласираниот клуб ќе биде дел од третиот европски трофеј на УЕФА. Новото натпреварување на УЕФА, со наслов Конференциската лига на УЕФА, треба да започне од сезоната 2021/22.

„Калцчо Финаза“ објави дека  што се однесува на Серија А, само две екипи ќе бидат дел од Лигата на Европа и тоа петтопласираната екипа во лигата и победникот на Копа Италија.

Единствено дилема е дали победникот на Копа Италија доколку заврши во првите четири ќе направи да седмото место носи излез во Европа.

Конференцискаа лига на УЕФА ќе ја сочинуваат 32 екипи, поделени во осум групи од по четири екипи.