Напаѓачот на Рома, Един Џеко наскоро ќе добие шанса да го засили Јувентус, пренесува Тутспорт.

Џекој, кој одлично се снајде во дресот на „Римската Волчица“ и е во преговори за нов двегодишен договор е првата трансфер цел на Маурицио Сари кој бара наследник на Игуаин.

Џеко има 34 години, оваа сезона постигна 17 голови и девет асистенции на 35 натпревари во сите конкуренции за Рома.

Јувентус се очекува ова лето да се ослободи од Игуаин кој најверојатно ќе се врати во Аргентина.