Капитенот на Рома, Един Џеко и на третиот тест бил позитивен на коронавирус.

Напаѓачот на БиХ поради позитивниот тест на Ковид-19 испадна од списокот за натпреварот со Парма. Дури и во наредните денови да добие негативен резултат, Џеко нема да може веднаш да се стави на располагање на тимот.

Поради позитивен тест на коронавирус, Џеко го пропушти натпреварот со Џенова пред репрезентативната пауза.