Холандскиот фудбалски шампион Ајакс го продаде Матијс де Лихт во Јувентус за 70 милиони евра, а само неколку дена го ангажираше и неговиот наследник на „Јохан Кројф Арена“ во Амстердам. Тоа е 21-годишниот Едсон Омар Алварез, кој пристигна од редовите на мексиканскиот Клуб Америка, за кого Ајакс плати 15 милиони евра.

„Чест ми е што доаѓам во европски гигант како Ајакс, ќе сторам се за да ја оправдам довербата“ изјави Алварез на официјалната промоција.

Алварез со Ајакс потпиша петгодишен договор.