Доаѓањето на Антонио Конте и Ромелу Лукако очигледно ги предизвика навивачите на Интер да го исполнат „Џузепе Меаца“ во првото коло во целост.

Интер за првиот меч во сезоната против Лече во понеделник до овој момент продаде 60.000 влезници, ова е ефектот од трансфер политиката на клубот смета „GazzettadelloSport“.

Клубот од Милано минатата сезона имаше просек од 62.000 гледачи по меч во калчото, се чини дека и годинава ќе ги повтори овие бројки а се очекува и зголемување на посетата на мечевите на ИНтер на домашен терен.