Лил е блиску до освојување на титулата шампион на Франција. Има три бода повеќе од ПСЖ, а до крајот има само два натпревари. Лил го дочекува Сент Етјен и гостува кај Анжер, а ако слават во двата меча, сигурно ќе ја освојат својата прва титула по 10 години и четврта во историјата.

Доминацијата на ПСЖ во оваа декада на кратко ја прекина Монако во 2017-та година. Тогашниот тим од Кнежеството ги шокираше парижаните и со спектакуларен фудбал дојдоа до осмата титула.

Веќе следната сезона Монако распродаде половина од шампионскиот тим, вклучувајќи го и Килијан Мбапе, кој се пресели токму во ПСЖ. Парижаните потоа три пати по ред ја освојуваат титулата, а оваа година големи се шансите доминацијата да ја прекине Лил.

На Лил по се изгледа ќе му се случи истото што и на Монако. Имено, тој клуб последниве години е познат по одличните трансфери. Минатиот преоден рок го продадоа Виктор Осимен во Наполи за 70 милиони евра, а стоперот Габриел во Арсенал за 26 милиони евра.

Шампионскиот тим се распаѓа?

Од парите заработени составија тим кој под водство на тренерот Кристоф Жалтие е блиску до голема сензација, но и состав кој во летниот преоден рок може да се распрадне.

25 годишниот голман Мајк Маигнан речиси сигурно заминува од клубот. Заинтересиран за него е Милан, кој би сакал да го купи за 15 милиони евра. Маигнан е еден од најдобрите голмани во француското првенство. Стигна и до репрезентацијата на Франција, со која ќе патува на Европското првенство.

Играчот средниот ред 22 годишниот Бубакари Сумаре е пред трансфер во Лестер Сити. Според Трансфермаркт тој вреди 23 милиони евра, а Лил е подготвен да го пушти за 25 милиони евра. Сумаре наводно веќе има договор со Англичаните.

23 годишниот Португалец Реанто Санчез, ја оживеа кариерата во Лил по славите партии во Баерн. Лил за него бара 30 милиони евра. Заинтересирана е Рома која неодамна ја презема Жозе Мурињо.

Офанзивниот 23 годишен фудбалер Џонатан Иконе, исто како и голманот е на мета на Милан. Лил за своето десно крило минатото лето бараше 45 милиони евра. Милан тешко ќе ја прифати таа цигра, но затоа Борусија Дортмунд би можела повторно да се вклучи во траката, посебно ако го продаде Џејдон Санчо.

Лил знае како скапо да продаде играч

Лил претходните години го продаде Николас Пепе во Арсенал за 90 милиони евра, Рафаел Леао во Милан за 30 милиони евра и Тиаго Мендеш во Лион за 22 милиони евра.

Ова лето би можеле да зработат околу 150 милиони евра со распродажба на шампионскиот тим.

Но, и знаат да вложат многу пари. Минатот лето од Гент беше доведен канадскиот напаѓач Џонатан Давид, кој има 21 година, а платен беше 27 милиони евра. Давид оваа година постигна 12 гола и додаде три асистенции, но не е најдобар стрелец. Во Лил таа титула ја има 35 годишниот турски напаѓач Бурак Јилмаз, кој постигна 15 голови.