Хрватската полиција го пуштила на слобода Музафер Ејупи по инцидентот  во Копривница кога  со својот роднина претепале 53. годишен локален жител на градот.

Според најновите информации од Корпивница, Ејупи е на слобода но неговиот роднина кој го претепал жителот на овој град останал во притвор.

Иако претходно медиумите од Хрватска јавија дека Ејупи и неговиот роднина биле напаѓачи во инцидентот, сепак последните информации од Коривница велат дека се случило сосема спротивното, играчот на Славен Белупо и неговиот роднина биле жртви на напад по што жестоко одговориле.

Роднината на Ејупи чиј идентитет не се открива останал во притвор бидејќи со метална шипка го повредил напаѓачот, официјални детали се очекуваат од полицијата во текот на утрешниот ден.