Поранешниот фудбалер на Ливерпул и Тотенхем, Рони Розентал преживеал драма откако неколку напаѓачи влегле во неговиот дом вреден 4,5 милиони евра.

Британски „Сан“ пишува дека фудбалерот бил и физички нападнат од лицата кои влегле во неговиот дом. Според пишувањата на весникот, во домот на Розентал влегле шест маскирани лица кои во рацете држеле големи ножеви, слични на мачета.

За време на кражбата и нападот, одземена била колекција на часовници со голема вредност.