За поранешниот фудбалер на Партизан, Умар Садик, е  заинтересиран Баерн Минхен! Оваа вест ја потврди шпански „АС“, кој не е склон да објавува недоверливи информации.

Садик премина од Партизан во Алмерија, а Шпанците се јасни – Нигериецот чини 60.000.000 евра! Тоа е износот на неговата откупна клаузула во договорот.

Исто така, весникот тврди дека износот на таа клаузула ќе се зголеми на 80.000.000 евра доколку Алмерија се  врати во Примера следната сезона.

Садик игра одлично за Алмерија и е најдобар стрелец во тимот, па неговите игри очигледно го привлекоа вниманието на европскиот и светскиот шампион.

И во Партизан тријат раце. Имено, ако Алмерија влезе во Примера, црно-белите ќе добијат фиксен бонус од 3.000.000 евра, а ќе имаат и 10% од следната продажба. Доколку шпанските црвено-бели не изборат влез во елитниот ранг , и да решат да го продадат Омар, тогаш клубот  ќе собере дури 40 проценти од трансферот!