Поранешниот тренер на Шкендија Бруно Акраповиќ синоќа беше блиску до сензација со својот сегашен клуб Локомотив Пловдив против Тотенхем, а неговите оценки по поразот од 2-1 може да послужат како добар совет за македонскиот тим пред пресметката со премиерлигашот в четврток во Скопје.

„Многу работи преживеав за време не мечот против Тотенхем. Дадовме се од себе, и мислам дека бевме на вистинскиот пат. Дадовме гол и го имавме мечот под контрола. И за еден момент се тргна наопаку“, изјави босанскиот стратег кој седеше на клупата на Шкендија во сезоната 2015/16.

„Ако не внимаваш и за секунда голем клуб како Тотенхем ќе те казни. Доколку бевме повнимателни во тие десет минути ќе го постигневме најголемиот успех во Бугарија“, додаде Акраповиќ.