На последниот тренинг на Барселона играчите имаа необична вежба.

Тренерот на Барселона, Кике Сетјен ги натера Антоан Гризман, Нелсон Самеду и Самјуел Умтити да се движат по теренот со врзани очи и качулка на главата.

Според замислата на Сетјен, тоа треба да ја подобри нивната координација во просторот.

Но, сето тоа изгледаше по малку смешно.