Раководството на Бундеслигата в понеделник, 16 март, ќе ја донесе конечната одлука за судбината на тековното првенство.

Според информациите на Express.de, најверојатниот исход ќе биде сопирање на првенството во Бундеслига и Бундеслига 2, сето тоа поради пандемијата на Коронавирусот.

Според овој извор, до прекинот ќе дојде веднаш по завршувањето на 26. коло, планирано за 13-16 март. Притоа, оваа година нема да биде прогласен шампионот и од лигата нема да испадне никој. Уште повеќе, од втората лига ќе се пласираат дури 4 екипи, па во сезоната 2020/21 во Бундеслигата ќе се натпреваруваат 22 екипи.

Во Лигата на шампионите и во Лига Европа ќе се пласираат екипите според моменталниот пласман на табелата.

По завршувањето на сезоната 2020/21, од Бундеслигата ќе испаднат 4 екипи, додека петтата од доле ќе игра бараж со третопласираната екипа во Бундеслига 2.

Засега нема информации за судбината на Купот на Германија.