Македонските екипи, Шкупи, Ак.Пандев и Македонија Ѓ.П. ги добија своите противници во второто квалификациско коло за Европа лигата.

Академија Пандев е дебитант, и ако го мине првото коло во второто ќе се сретне со Утрехт од Холандија, екипа која е фаворит против тимот од Струмица.

Македонија Ѓ.П.  ако стигне до втората рунда ќе се сретне со подобриот од двомечот меѓу ФЦСБ од Романија и Мислами од Молдавија.

Третиот наш претставник ,Шкупи доколку стигне до  второто коло за противник ја има екипата на Јаблонец од Чешка. Првите натпревари од втората рунда се играат на 25 јули, реванш средбите на 1 август.