Денеска се игра првото Ел Класико сезонава и прво по заминувањето на Лионел Меси од Барселона, но сепај сјајот сигурно нема да се загуби.

Двата тима играат топло- ладно. Посебно Барселона, чиј влез во сезоната беше катастрфоален. Два тешки порази на отворањето на Лигата на шампиони и очајно отворање во Ла Лига, доведоа до тоа Куман да биде на раб на отказ. Но глдајќи ги последните настапи на Барселона, на крилата на младиот Ансу Фати и Гави, Барса помалку се крева и ќе биде многу интересно видети што може со Реал.

Од друга страна, Кралевите иако не играат најдобро, на искуство, рутина, на мускули, туку на сметка на неверојатниот Карим Бензема, собираат бодови и денешна победа би ги одвела на врвот на табелата. Со евентуални три бода Реал Би се изедначил со Реал Соиседад, но Баскијците имаат натпревар повеќе.

Сепак, не е се така убаво во соблекувалната на Реал Мадрид. Ел Национал пишува дек големото дерби дошло до потрес во тимот на Реал Мадрид, а главен актер во приказната е Лука Модриќ.

Имено, Лука Модриќ од статртот на сезона ги дозира настапите на Модриќ, свесен дека 36 годишниот виртуоз не може од натпревар во натпревар да го држи темпото кое е непходно за вакво ниво на фудбал. Но, според Ел Национал Лука Модриќ е лут и поради тоа дури се споменува можност да го напушти Реал Мадрид.

Ел Национал пишува дека Модриќ дека пречестите паузи повеќе му штетат отколку што му користат и тоа јасно му го кажал на Анчелоти. Се тоа дошло и до ушите на претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, кој нема намера да се меша во одлуките на Анчелоти, дури и ако тоа значи дека Модриќ би побарал трансфер.