Вечерва во Европа лигата се играат 15 реванш средби од 1/16 финалето по што ќе бидат познати сите осминафиналисти во второто по ранг натпреварување на УЕФА.

Интер го пречекува Лудогорец од Бугарија, поради проблемите со Коронавирусот, средбата ќе се игра пред празни трибини на „Џузепе Меаца. Интер во Разград победи со 2-0.

Стефан Ристовски и Спортинг гостуваат кај Башахшехир во Истанбул, имаат предност од 3-1 стекната во Лисабон. Оваа средба и уште шест други се играат од 19 часот.

Од 21 часот, се играат уште осум натпревари, Јунајтед со позитивни 1-1 од гостувањето во Белгија го пречекува во Манчестер тимот на Клуб Бриж. Интер пред празни трибини е домаќин на Лудогорец, Арсенал треба да го потврди пласманот во осминафиналето против Олимпијакос.