Елче кој грчевито се бори за опстанок со 2-1 ја победи Севиља, екипа од горниот дел на табелата во Ла Лига.

Со головите на Гути и Кариљо во 70 и 76 минута, Елче освои важни три бода, за Севиља погоди Де Јонг во финишот на натпреварот.

Елче сега има 24 бода на 17 место, Севиља остана на досегашните 48 и на четвртата позиција која не ѝ е загрозена.