Управата на Наполи е во завршни преговори со Емполи околу трансферот на 18 годишниот плејмејкер, Самуеле Чири.

Италијанските медиуми тврдат дека трансферот на Ричи можно е да биде потврден до крајот на овој месец. Ричи одигра 21 натпревар за Емполи во Серија Б, оваа сезона, а понуди за транфер има од уште неколку тимови од Серија А.

Талентираниот креативец има договор со Емполи од јуни 2022 година. Во зимскиот преоден рок Ричи се поврзуваше со трансфер во Милан.