Италијанските медиуми тврдат дека Џенаро Гатузо и Наполи ќе ја продлжат соработката до 2022 година.

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис и Гатузо ќе седнат на маса да ги договорат деталите за продолжување на соработката.

Новиот договор предвидува поголема плата која на годишно ниво ќе изнесува 1,5 милиони евра.

Наполи викендов го пречекува Интер во Купот на Италија, клубот од Неапол има предност од 1-0 по првата средба во полуфиналето, Де Лаурентис сака пред овој натпревар да го потврди Гатузо до 2022 година.