Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас до крајот на ова лето можно е да се врати во првата фудбалска лига на Турција, пренесуваат медиумите од ова земја.

Елмас се очекува наскоро да потпише нов долгододишен договор со Наполи, но поради конкуренцијата во тимот, Гатузо наложил да се најде клуб каде што Елмас ќе може да игра редовно во следната сезона.

Неодамна Гатузо изјави дека очекува многу од Елмас и е среќен од развојот на младиот плејмејкер.

Неофицијално, Галатасарај е заинтересиран да го донесе Елмас на едногодишпа позајмица но во игра е и Трабзонспор.

Елмас се прослави тукму со настапите во турски Фенербахче од каде минатото лето направи трансфер во Наполи.