Елиф Елмас со два гола и донесе победа на Македонија против Словенија од 2:1 во евроквалификациите.

Со ова нашата селекција се врати во игра за пласман на ЕП 2020 а Елмас како и секогаш, скромен се заблагодари за укажаната шанса и за реакцијата на навивачите.

„Среќен сум што успеавме да ја победиме Словенија. Не се важни моите голови, важни се победите на Македонија и како играме ние. Сакам да му се заблагодарам на селекторот кој верува во нас и што ни го покажа патот како да ја победиме Словенија. Среќни сме но сега не очекува дуелот со Полска. Од мал сонував да го скандираат моето име на стадион, сега сум среќен што успеавме да ги вратиме навивачите на трибините“ – изјави Елиф Елмас.