Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас ќе биде дополнително под лупа за дуелот со Украина, пренесуваат медиумите од Англија.

Откако немаше блескаво издание против Австрија во воведното коло на ЕУРО, поради позицијата која ја доби од Ангеловски, Елмас сега има втора шанса да блесне во Букурешт каде што ќе го скенираат скаутите на Лидс, Тотенхем, Евертон, Борусија Дортмунд, Бенфика и на Севиља.

Срепод последните информации од Италија, Елмас засега не размислува за напуштање на Наполи, но доколку пристигне добра понуда работите може да се променат по настапот на ЕУРО 2020.

Елмас во последните неколку месеци на големо се поврзуваше со трансфер во Бенфика и во Лидс.