Официјалниот тренинг на „Даугава Стадиум“ во Рига се покажа кобен по Елиф Елмас. Станува збор за повреда на скочниот зглоб на десната нога.

„Се случи ненамерен старт од Дени Илиев над Елмас. Елиф доби удар во зглобот, ги чекаме резултатите од снимањето на зглобот за да знаеме за што точно се работи.“ – потврди селекторот Ангеловски.

Повредата го спречи Елмас да биде дел од тимот на Ангеловски иако многу поважно е што ќе покажат закажените снимања и колку време офанзивецот ќе одсуствува од теренот.

Несреќната вест доаѓа на еден ден до дуелот на Македонија со Летонија во 6 коло од евроквалификациите.