На само ден пред почетокот на Европското првенство „BBC“ објави листа на играчи на кои ова ќе им биде прво појавување на големата репрезентативна сцена, а би можеле таму да остават поголема трага.

На списокот не се ставен англиски фудбалери, меѓутоа таму е нашиот Елиф Елмас, кој се наоѓа на 13-тата позиција на најголемите млади ѕвезди кои се очекува да блеснат на Европското првенство.

„Наполи плати за Елмас 15 милиони евра кога тој имаше само 19 години, но тогаш веќе беше ѕвезда во Турција по само две сезони во Фенербахче. Тој може да игра како лажна деветка или бокс ту бокс играч од средниот ред, и со само две сезони во Наполи и повеќе од 200 сениорски натпревари, Европското првенство може да биде плаформа за уште поголем напредок“- пишува „BBC“ за нашиот Елмас.

Погледнете ја листата на 20-те млади играчи од кои се очекува најмногу на ЕУРО 2020:

1.Џереми Доку- Белгија

2.Џордан Ларсон- Шведска

3.Џулес Кунде- Франција

4.Адам Хложек- Чешка

5.Бечир Омерагиќ- Швајцарија

6.Рајан Гравенберч- Холандија

7.Оркун Кокчу- Турција

8.Александер Исак- Шведска

9.Алекс Крал- Чешка

10.Нуно Мендеш- Португалија

11.Џамал Мусала- Германија

12.Саша Калјџиќ- Австрија

13.ЕЛИФ ЕЛМАС- МАКЕДОНИЈА

14.Халил Дервишоглу- Турција

15.Криштоф Баумгартнер- Австрија

16.Томаш Суслов- Словачка

17.Камил Пиатковски- Полска

18.Јошко Гвардиол- Хрватска

19.Они Валакари- Финска

20.Педри- Шпанија