Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас денеска од 15 часот ќе го започне мечот за Наполи на гостувањето кај Лече.

Ова е втор пат сезонава македонскиот „бисер“ да го започне мечот за „наполитанците“ во еден првенствен меч. Минатото коло Елмас во победата на Наполи против Сампдорија беше еден од најдобрите поединци на теренот, а сето тоа го награди тренерот Карло Анчелоти кој и денеска му дава шанса од првата минута.

Наполи е во одлична форма, откако во вторникот го совладаа европскиот шампион Ливерпул во рамки на првото коло од Лигата на шампиони.