Наполи на Елиф Елмас е многу блиску до потписот на напаѓачот на франускиот прволигаш Лил, 21 – годишниот Виктор  Осимен.

Италијанските медиуми објавија вечерва дека за реализација на трансферот Наполи е подготвен да плати 51 милиони евра.

Покрај финансискиот дел, Наполи како дел од трансферот се согласил да му ги отстапи на францускиот прволигаш својот млад стопер Клаудио Манци, како и голманот Орестис Карнезис.

Со ова ќе заврши трансфер сагата која трае повеќе од шест месеци, Гатузо ќе добие сериозно засилување во нападот а Милик ќе добие дозвола да си заминие.