Елиф Елмас е играч од кој Наполи многу очекува, оваа сезона беше период на адаптација, следната тој ќе блесне и од него клубот очекува многу, пишува портал близок на клубот од Неапол.
Нема дилеми дека Елмас има голем потенцијал, Гатузо се повеќе верува во него и следната сезона ќе биде негова.
„Елмас е играч од класата 1999, сезоната беше прблематична, но Македонецот беше светла точка во преодниот рок, на дел од натпреварите покажа дека знае и може, ова е само најава дека прекрасниот „дијамант“ допрва ќе блесне“ – се вели во анализата.
Елмас во Наполи дојде од Фенербахче, запиша еден гол на 16 настапи сезонава.
Comments are closed for this post.