Во пресрет на дуелот со Ливерпул, „Газета Дело Спорт“ ги објави сумите кои ќе им бидат одбиени од платите на играчите на Наполи поради бунтот и одбивањето да одат во карантин пред еден месец.

Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас остана покус за 57 000 евра а најголеми казни добија оние кои најмногу заработуваат.

Според медиумите во Италија наскоро може да се случи да има промена и во стручниот штаб на Наполи, односно да си замине Карло Анчелоти.