Денеска беше извршена ждрепката за новиот фудбалски шампионат на Италија или попознат како Серија А.

Нашата земја ја претставуваат тројца фудбалери. Во исчекување на иднината на Александар Трајковски, во новата Серија А ќе настапат Елиф Елмас во дресот на Наполи, Илија Несторовски со Удинезе и Горан Пандев во екипата на Џенова.

Новата звезда на Наполи Елиф Елмас во првото коло ќе гостува на Фиорентина додека Џенова на Пандев ќе има тежок испит на „Олимпико“ против Рома.

Несторовски со Удинезе ќе биде домаќин на големиот Милан.Во второто коло веќе го имаме првото големо дерби на шампионот Јувентус и тимот на нашиот Елиф Елмас, Наполи во Торино.

Во коло шампионот Јувентус гостува на Парма.Интер ќе игра дома против Лече, а пак Сампдорија ќе биде домаќин на Лацио. Во четвртото коло е закажано градското дерби на Милано меѓу Милан и Интер.

Новата сезона почнува на 24 август, а ќе заврши на 24 мај наредната година. Титулата ја брани Јувентус.