Во сенка на треската со Корона вирусот која го зафати стариот континент, во Италија и Англија вечерва продолжуваат возвудувањата во фудбалската Лига на шампионите.

Италијански Наполи на „Сан Паоло“ предводен од Џенаро Гатузо ја дочекува фаворизираната Барселона.

Елиф Елмас е најавен меѓу резерите кај домаќинот кој на четирите пријателски дуели со каталонците има три порази и една победа.

Во Лондон на „Стенфорд Бриџ“, Челси го дочекува Баерн Минхен. Победата над Тотенхем викендов во Премиер лигата ги осоколи избраниците на Лампард кои најавуваат победа против гигантот од Германија.

Челси го елиминираше Баерн Минхен во четвртфиналето од ЛШ во 2005 година, во Англија победи со 4:2 а во Минхен загуби со 3:2 а во 2012 година, „Сините“ беа подобри од „Баварците“ во финалето од ЛШ по изведувањето на пеналите.