Наполи предводен од Спалети има најдобар учинок по шест кола во новата сезона во Серија А, шест победи и гол разлика од плус 14.

Ова Наполи го направи и во сезоната 2017/2018 но и тогаш не ја освоија титулата во Серија А.

Медиумите во Италија тврдат дека Наполи има капацитет за голем успех во оваа сезона, но многу работи ќе зависат од формата на конкурентите.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Тимот каде што настапува нашиот Елиф Елмас во четврток ја дочекува Спартак Москва во Лига Европа а во недела ќе гостува кај Фиорентина во Серија А.