Италијански Наполи вечерва против Гранада на домашен терен ќе се обиде да дојде до победа од 3:0 и со ова да се пласира во осминафиналето од Лига Европа на УЕФА.

Калчолигашот на гостувањето во Шпанија загуби со 2:0 а Гатузо по мечот изјави дека нема предавање и покрај сите проблеми со повредени играчи.

Нашиот репрезентативец, Елиф Елмас се очекува да биде стартер за Наполи во дуелот со Гранада.

Македонскиот репрезентативец, Аријан Адеми со Динамо Загреб на домашен терен бранат предност од 3:2 против Краснодар во 1/16 финалниот реванш.

Од останатите реванш пресметки ги издвојуваме соочувањата на Милан и Црвена Звезда (2:2 прв меч), Лестер – Славија Прага (0-0 прв меч), Баер Леверкузен – Јанг Бојс (3:4 прв меч) и Арсенал – Бенфика (1:1 прв меч).

Без поголеми проблеми се очекува да поминат Манчестер Јунајтед против Реал Сосиедад и Виљареал против Салзбург.