Наполи и Елиф Елмас во првото коло се среќаваат со Фиорентина во Фиренца, мечот ќе се игра во саботниот ноќен термин од 20-45 часот на 24 август.

Илија Несторовски и Удинезе  ден подоцна од 18 часот се среќаваат со Милан, Горан Пандев  со Џенова во првата рунда се среќава со Рома на „Олимпико“ во вечерниот неделен термин од 20-45 часот.

Во второто коло , Наполи му гостува на шампионот  Јувентус во Торино , средбата се игра на 31 август од 20-45 часот. Пандев со Џенова во втората рунда в недела на 1 септември во терминот од 20-45 часот ќе игра против Фиорентина, Несторовски со Удинезе на истиот датум и термин ќе играат против Парма.