Македонската фудбалска репрезентација во понеделник против Холандија во Амстердам ќе игра за престиж и бодови, историски на ЕУРО за нашата репрезентација.

На првите две средби загубивме од Австрија и Украина, сега против големиот фаворит Холандија која е пласирана во осминафиналето, бараме шанса за бодови, Елиф Елмас ветува дека ќе направиме се да стигнеме до добар резултат.

„Подготвени сме, играме за цела Македонија, како што одигравме на овие два натпревари, ќе одиме на победа, како и секогаш, не очекува тежок натпревар, ќе направиме се да дојдеме до бодови и дека ќе ја израдуваме нацијата. Потребно е да играме добро и во прво и во второ полувреме, одиме на овој меч да направиме нешто, да се израдуваме сите, и себе, одиме само напред. Се покажа дека немаме искуство, се надевам дека и понатаму ќе играме на големи натпревари“ – изјави Елмас.

Македонија утре ќе одржи еден тренинг на „Јохан Кројф“ арената, средбата со Холандија се игра во понеделник од 18 часот.