Откако јасно стана дека во прашање е само времето кога ќе се реализира трансферот на Елиф Елмас од Фенербахче во Наполи, медиумите од Италија излегуваат со нови информации поврзани со нашиот репрезентативец и неговиот нов клуб во најава.

Елмас во текот на следната недела ќе треба да ги помине медицинските регледи но во Рим а потоа да се упати во Наполи и да стави потпис на петгодишен договор според кој ќе заработува по 1,5 милион евра по сезона.

Наполи на Фенербахче ќе му исплати 18 милиони евра. Трансферот на Елмас се одолговлекува поради преселбата на Марко Рог во Калјари и преговорите со Реал Мадрид за купувањето на Хамес Родригез.