Елиф Елмас на новинарско прашање на денешниот брифинг одговори и за ситуацијата со Горан Пандев, ако се потврдат најавите, за капитенот ова е последен меч во националниот тим.

Македонскиот фудбалски „дијамант“ би сакал Пандев да остане во репрезентацијата и по ЕУРО.

„Се надевам дека бате Горан нема да се откаже, не знам што рекол досега, не би сакал да му биде ова последен меч, не очекуваат уште натпревари, ако е ова негов последен меч, ќе направиме да го испратиме среќен од репрезентацијата и со победа против Холандија“ – рече Елмас.