Новото засилување на Наполи, Елиф Елмас нема да биде дел од составот кој ќе замине за Едингург каде утре од 18 часот ќе се игра контролниот натпревар против Ливерпул.

Карло Анчелоти одлучил дека на Елмас му е потребно време за да го достигне кондициското ниво кое е потребно за да може да биде дел од тимот. Нашиот репрезентативец ќе остане во тренинг кампот на Наполи заедно со Тонели и повредениот Малкут.

По враќањето на Наполи од Шкотска продолжуваат подготовките кои се планирани во САД. Таму наполитанците ги очекува контролен меч со Барселона на кој се очекува Елмас да добие минутажа.