Наполи нема да им дозволи на нивните странски фудбалери да се вратат во своите матични земји за време на присилната пауза поради избувнувањето на Коронавирусот.

Имаше најави дека дел од играчите во составот на Наполи ќе ја напуштат Италија по нивна желбам кога клубот најави одложување на тренинзите, но весникот „Ил Метино“ открива дека тимот од Неапол нема да го дозволи тоа.

Наполи одлучи дека ќе ги задржи своите фудбалери со оглед дека треба да минат 14.дена во самоизолација, доколку сакаат да се вратат во своите земји.