Торино и Наполи одиграа нерешено без голови, претпоследен натпревар од 7. коло во калчо лигата, средба која брзо ќе биде заборавена.

Елиф Елмас не доби шанса на оваа средба, остана на клупата за резервни играчи. Ова е втор меч сезонава во „Серија А“ на кој Елмас не доби минутажа, не настапи и против Каљари.

Наполи со овој освоен бод  има 13 и се наоѓа на 4. место на табелата. Торино со 10 бода е на 9. место по денешната средба.