Најновото засилување на Наполи предизвика позитивни реакции меѓу навивачите на клубот но и на членовите на стручниот штаб. Анчелоти им најавил на новинарите во Италија дека Елмас е фудбалер кој ќе биде многу важен во неговиот тим споредувајќи го со легендарниот Марек Хамшик.

Елмас пак во свој стил, позитивен полн со оптимизам гледа на новата средина и шансата да игра во Италија.

„Многу сум среќен и возбуден што ќе играм за Наполи. Ова е голема шанса за мене и предизвик да им покажам на сите колку вредам.“ – изјави Елмас.

Неговиот агент потврди дека Наполи успеал да ја добие трката со неколку силни клубови од Европа за потписот на нашиот репрезентативец.