Италијанскиот новинар Карло Алвино тврди дека Елиф Елмас вчера морал да го напушти тренинг центарот на наполи во Димаро и да се врати во Рим.

Ова поради проблемите со пасошот поради кој може да се случи да го прескокне соочувањето со Ливерпул закажано за во недела.

Елиф Елмас вчера го комплетираше трансферот во Наполи и веднаш дебитираше во синиот дрес.

Проблемите кои се појавиле со патната исправа на нашиот репрезентативец се очекува да бидат решени наскоро и тој да може да им се врати на новите обврски во Димаро.