Наполи потврди дека нема ниту еден фудбалер заразен со Ковид-19, Елиф Елмас и Зиелински неколку дена тренираат и денеска ќе бидат на клупата за резерви на Гатузо за пресметката со Реал Сосиедад во Лигата на Европа на УЕФА.

„Сосиедад игра добар фудбал, не е коинсиденција што се на врвот во Ла Лига.Наша обврска е да дадеме се од себе во сите натпреварувања во кои учествуваме.Знаеме како сакаме да играме, не само во однос на нападот туку во однос на тоа дека мора да бидеме тим во секој поглед.“ – изјави Гатузо.

Ова се повиканите за денешниот меч меѓу кои се и Елмас.