Откако раководството на Наполи вчера демантираше скандал меѓу тренерот Џенаро Гатузо и фудбалерите, посочувајќи дека станува збор за „лажна вест“, италијанските медиуми денеска изнесоа нови детаљи околу целата ситуација во клубот на Елиф Елмас.

Угледниот „Газета дело Спорт“, објави дека македонскиот репрезентативец и неговите соиграчи во Наполи немаат добиено ниту една плата.

Весникот наведува дека токму тоа била една од причините за недоразбирањата меѓу играчите и Гатузо по викенд поразот од Милан со 3-1.

„Газето дело Спорт“ наведува дека првите примања играчите на Наполи ќе ги добијат на 1 декември, кога истекува крајниот рок поставен од италијанската Федерација за подмирување на платите на фудбалерите.