Македонскиот фудбалски репрезентативец, Елиф Елмас се огласи преку социјалната мрежа на Фејсбук. Плејмејкерот изрази посебна благодарност до сите инволвирани за реализацијата на трансферот, до неговиот нов тренер и клуб, до неговото семејство и секако до навивачите на Наполи.

„Драги пријатели на Наполи, Многу сум среќен што дојдов во Наполи и што ќе бидам дел од ова семејство. Се чувствувам прекрасно и радосно што сум во еден од најдобрите клубови во светот и што ќе работам со еден од најдобрите тренери во историјата, господинот Карло Анчелоти. Благодарност до раководството на клубот воден од господинот Аурелио Де Лаурентис кој ми овозможи да дојдам во Наполи.

Среќен сум што ќе бидам дел од овој голем клуб со голема историја и традиција и што ќе играм со висока класа на играчи од кои можам многу да научам. Посебна благодарност сакам да им испратам на навивачите на Наполи, бидејќи знам дека се едни од најверните во светот. Им ветувам дека ќе го дадам максимумот за овој дрес и заедно ќе имаме многу убави моменти и трофеи.“ – напиша Елиф Елмас и заврши со: Форца Наполи за секогаш.