Елиф Елмас ги одигра сите 90 минути за Наполи на денешниот силен контролен натпревар против Баерн Минхен, на кој „наполитанците“ го изненадија баварскиот гигант триумфирајќи со убедливи 0-3 на „Алијанц Арена“

Не само што беше стартер и ги одигра сите 90.минути, туку Елиф Елмас одигра сосема квалитетно за Наполи попладнево на гостувањето кај Баерн Минхен на „Алијанц Арената“ во рамките на „Ауди Купот“.

„Наполитанците“ одиграа одлично во Минхен, пред се во второто полувреме кога трипати ја стресоа мрежата на противникот. Голеадата почна во 70. и 71. минута, кога Виктор Онсимех ги казни двете грешки на дефанзивците на Баерн Минхен и двапати ја стресе мрежата на ривалот во една минута, а потоа, во 86. минута Зинедин Мачач даде ефектен погодок.