Македонскиот репрезентативец, Елиф Елмас на последниот тренинг за Наполи тренирал одвоено со смален интензитет.

Италијанските медиуми немаат конкрена информација пораид која причина, Елмас бил изоставен од групата. Непознато е дали станува збор за ситна повреда или пак за казна. Втората варијанта е помалку веројатна со оглед на довербата која почна да ја ужива нашиот репрезентативец кај Џенаро Гатузо во последно време.

Наполи на 14 март ќе игра против Спал во Серија А а на 18 март ќе и гостува на Барселона во натпревар од осминафиналето од Лигата на шампионите.

Елмас е клучна алка во составот на Македонија која на 26 март во Скопје ќе игра против Косово во полуфиналето од Лигата на нации на УЕФА.