Поранешниот репрезенативец на Франција, Емануел Пети е последниот во низата фудбалски легенди кои јавно го критикуваат однесувањето на Нејмар.

Бразилецот по неуспешниот кам-бек во Барселона минатото лето никако не успева да се воздржи и со своето однесување но и со тоа што го говори пред новинарите дополнително го навлекува гневот од оние кои пред се го почитуваат фудбалот како тимска игра.

„Нејмар игра само за себе а не за тимот! Се става пред сите во соблекувалната на ПСЖ а тие мора да го трпат човекот кој ги плука и клубот и навивачите, тој нема почит кон ништо.“ – изјави Емануел Пети.

ПСЖ во недела ќе му гостува на Монако во дербито на 15 коло од Лига 1 а Нејмар се очекува да биде дел од почетниот состав на првакот на Франција.